ROMERO VITRO
Лабораторија за култура на ткиво
 

  •  
  •  

© 2006 SBW Romero Vitro
Design by DotX team

Почетна

СБВ Ромеро Витро е лабораторија за култура на ткиво и претставува најголем центар за масовно производство на саден материјал на SBW International BV од Роелеофарендсвен, Холандија. Лоцирана е во Виница, мал град во долината на реката Брегалница, во источниот дел на Македонија. Производството започна во август 2001 година, после обуката на македонските вработени во матичната компанија Холандија. Целото производство се планира од Одделот за Планирање и Логистика во Роелофарендсен. Стартниот материјал за производство исто така се добива од матичната компанија. Сите производи се извезуваат назад во Холандија, од каде што се дистрибуираат до нашите клиенти.

СБВ Ромеро Витро бележи постојан раст како компанија. Во овој момент располага со 15 комори за складирање на растенија и 3 т.н. трансфер соби во кои се одвива директното производство. Со ова е овозможен капацитет од околу 9 милиони готови растителни единици годишно. Целокупниот капацитет во овој момент се извршува со 125 вработени кои даваат свој огромен придонес кон постојаниот раст и развој на компанијата.


СБВ Ромеро Витро
Лабораторија за култура на ткиво

Илинденска бб
2310 Виница
Македонија
Телефони:

+389 (0)33 360 014
+389 (0)33 360 015
Факс:
+389 (0)33 360 013
e-mail: info@sbwmk.com